548
Европската комисија обезбеди дополнителни 54.000 дози вакцини против мајмунски сипаници, развиени од биотехнолошката мултинационална компанија „Бавариан Нордик“.
Дополнителната набавка следи по првиот договор склучен во јуни, кога Европската унија нарача околу 110.000 дози вакцина против мајмунски сипаници од таа компанија.
„Загрижена сум поради зголемениот број случаи на мајмунски сипаници во ЕУ“, наведе еврокомесарката за здравство Стела Киријакидес. Таа додаде дека сега се регистрирани 7.000 случаи во ЕУ, што е зголемување за околу 50 отсто од минатата недела.