529
Самитот ЕУ-Западен Балкан што требаше да се одржи во Загреб ќе се одржи преку видео-конференција на 6 мај, објави претседателот на Европскиот Совет Шарл Мишел.
Ова е епилогот на денешната виртуелна средба на шефовите на држави и влади на ЕУ, на која главна тема беше излезот од економската криза предизвикана од корона вирусот.
Европските лидери, дипломати и функционери повеќепати уверија дека и покрај длабоката криза низ која минува ЕУ, Западниот Балкан нема да биде запоставен.