465
Во хрватскиот град Загреб утрово повторно е забележан послаб земјотрес со јачина од 2.3 степени по Рихтеровата скала.
Длабочината на потресот била на седум километри, а епицентарот на 11 километри северозападно од Загреб, објави ЕМСЦ. Земјотресот го регистрираше и Хрватската сеизмолошка служба.