Тапанарот Ѓорѓи Горѓиев од Струмица, кој е помеѓу загинатите во страотниот пожар во Кочани, а за кого првичните информации се дека синоќа настапувал со ДНК, во јавноста беше познат и како дел од ФИС Бенд, група зад која стоеше музичарот Филип Стевановски, кој исто така е помеѓу настраданите.
Инаку, ФИС Бенд е на сцената повеќе од 15 години, и музичарите зад себе имаа голем број на настапи, џез концерти, турнеји во странство…
Бендот беше првично познат како Филип Стевановски Трио, а лани го сменија името во ФИС Бенд.
Тогаш соопштија дека Владимир Блажев од ДНК бил нивниот кум кој им го дал новото име.
Од официјалните информации околу тоа што се случува со Владимир и Андреј од ДНК, засега е познато само дека Владимир Блажев – Панчо е хоспитализиран и е вон животна опасност.
За Андреј се уште нема официјална потврда дали е пронајден по синоќешната трагедија во која настрадаа 57 млади лица. Дел од нив се уште не се идентификувани. 152 лица се хоспитализирани, а 18 од нив се во критична состојба.
Вики Клинчарова