Загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери

by Fokus

Во вчерашната несреќа во рудникот поранешна „Тораница“ животот го загуби еден рудар, а двајца беа повредени после минирање.

Маре Анчева, генерален секретар на Синдикатот на индустријата, енергетиката и рударството во своето гостување на Телма истакна дека загинатиот рудар бил вратен од пензија поради недостаток на минери. Таа вели дека вработените во Тораница и Злетово не се членови на синдикатот од кога и двата рудника беа преземени од бугарската „Булмак 2016“.

„Ние имаме регистрирано синдикална организација меѓутоа немаме синдикални раководства во двата рудника, на суптилни начини компанијата тотално го обесхрабри понатамошното синдикално делување. Така што не сме директни учесници во организирањето на рударите од двата рудника. Многу ми е жал, најискрено сочуство до семејството. Моите информации велат дека починатиот веќе го искористил правото за пензионирање според измените на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, за кои што синдикатот долго време се бореше и лобираше, што овозможува порано да се пензионриаат рударите од подземна експлоатација. Меѓутоа заради недостаток од квалификувани извршители од неговата област на работа тој бил повторно ангажиран во рудникот“, рече Анчева.

Поврзани новости