503
Македонскиот планиран што загинал на планината Олимп во Грција по пад во привалија е 57-годишен скопјанец со иницијали М.Г., информираат од Министерството за надворешни работи.
Според првичните информации, М.Г. на стотина метри пред планинарскиот дом „Спилиос Агапитос“ изгубил рамнотежа и паднал во бездна.
Утре во Солун треба да биде извршена обдукција на телото на М.Г. по што ќе се знае повеќе за причината на губењето на рамнотежата.
Претпоставките одат во насока дека добил срцев удар.