Загинало едно лице во судир меѓу автобус и автомобил

by Fokus

Дваесет и деветгодишен скопјанец загинал на лице место по сообраќајката што се случила на магистралниот пат Велес-Штип, информираа од МВР.

Според полицијата, вчера околу 14,00 часот на магистралниот пат Велес – Штип кај клучката за с.Црнилиште, се случила сообраќајна незгода помеѓу автобус „Темса опалин“ со велешки регистарски ознаки, управуван од Љ.Ц. (64) од Велес и патничко моторно возило „Шкода рапид“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на друштво за транспортни услуги од Скопје, а управувано од И.А. (29) од Скопје. Во незгодата на лице место починал возачот  И.А. Увид на лице место извршиле јавен обвинител и екипа од полициската станица-Свети Николе.

Сообраќајот на патниот правец Велес – Штип бил во прекин до 16.30 часот, а потоа се одвивал наизменично до 18.50 часот, по што е целосно нормализиран.

Поврзани новости