Загинал еден од најуспешните руски генерали

by Fokus

Во борбите во Запорожје загина началникот на Генералштабот и командант на руската 35-та армија, генерал-мајор Сергеј Горјачев. Според информацијата споделена од руски воени блогери, тој бил убиен во украински ракетен напад за време на борбите покрај реката Мокри Јали.

„Началникот на Генералштабот на 35-та армија загина како резултат на ракетен напад“, изјави рускиот воен дописник Јуриј Котенок на неговиот канал Telegram, наречен Vоенкор Котенок Z.

Генералот беше претставен како еден од најпаметните и најефикасните воени лидери.

На почетокот на украинската инвазијата, Горјачев бил командант на 5-тата одделна тенковска бригада, а за време на војната бил унапреден на функцијата началник на армискиот штаб.

Врз основа на отворени извори, потврдена е смртта на петорица руски генерали, 58 полковници и 176 потполковници.

Горјачев е првиот генерал кој е убиен на позицијата началник на Генералштабот, односно командант на армиска група.

Поврзани новости