Маж и жена загинаа, додека две девојчиња се повредени во судир што се случи утринава на патот за Златибор, кога се судриле камион цистерна и патнички автомобил марка „шевролет“.
Како што информираат српските медиуми, утринава околу 8 часот на Ложионскиот мост во Ужице се случила страшна сообраќајна несреќа кога се судриле камион и патничко возило.
– Според првичните информации две лица се повредени, а меѓу повредените има и две девојки. Се уште не е познато како дошло до несреќата. При судирот целосно е уништен предниот дел од автомобилот, а се претпоставува дека се повредени возачот и сопатникот – изјави извор запознаен со случајот.
Тој додаде дека загинале маж и жена, а повредените девојчиња се пренесени во болница.
Полицијата е на местото на несреќата и врши увид која точно ќе ги утврди деталите за несреќата.