676
Израелски воен хеликоптер вчера се урна во морето кај северниот брег на Израел, при што загинаа двајца пилоти, соопшти израелската војска.
Третиот член на екипажот е повреден во несреќата и итно е пренесен во болница, соопшти војската
Хеликоптерот се урнал за време на тренажен лет, а командата на израелските воздухопловни сили отворила истрага за случајот и наредила привремена суспензија на летовите за обука.
Исто така, командата наредила и привремен прекин на сите летови на поморскиот хеликоптер „Пантер“.