Загинаа брат (16) и сестра (9), на нив налета автомобил додека се возеле на електричен тротинет

by Fokus

Брат (16) и сестра (9) загинаа во тешка сообраќајна несреќа во Англија, кога на нив налетал автомобил додека се возеле на електричен тротинет.

Откако ги удрил, возачот побегнал од местото.

Патот каде што се случи несреќата е познат како црна точка за сообраќајни несреќи, соопштија денеска локалните жители.

Тие раскажаа како граѓаните се обидувале да ги спасат децата во моментите по несреќата пред да пристигнат болничарите.

Полицијата во Есекс соопшти дека маж и жена, на околу 20-тина години, биле уапсени набргу потоа под сомнение дека предизвикале смрт поради невнимателно возење и бегство од местото на настанот.

Несреќата се случи само неколку дена откако советот на Басилдон гласаше за забрана на пробно изнајмување на електрични тротинет поради тврдењата дека тротинетите предизвикуваат „хаос“ и дека се оставени расфрлани низ градот.

Поврзани новости