657
Зоран Стефановски, поранешниот претседател на Советот за радиодифузија загинал синоќа во тешка сообраќајна несреќа што се случила околу еден часот по полноќ во Скопје.
До несреќата дошло кога Стефановски со својот автомобил „рено меган“ движејќи се по булеварот Никола Карев излетал од патот и удрил во рекламен билборд, по што веднаш бил пренесен во ГОБ „Свети Наум Охридски“, каде била констатирана смрт.
Од МВР за „Фокус“ ја потврдија информацијата дека лицето З.С. вчера починало во сообраќајна несреќа.