0
Во сообраќајна несреќа на автопатот Демир Капија-Гевгелија загина возач на камион. Според информациите од МВР, тој удрил во заштитна ограда.
На 11.11.2024 во 18.40 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на автопатот Демир Капија – Гевгелија, после првиот тунел кај Демир Капија, товарно возило „ман“ со приколка со скопски регистарски ознаки, управувано од З.К.(54) од с.Инџиково, скопско, удрило во заштитна ограда.
На местото на настанот починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Неготино.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.