Воен камион слетал во провалија и се превртел во близина на градот Дреновац во планинскиот регион Врање, при што од повредите на лице место починал постар наредник од прва класа Б.К.(46), додека тројца членови се повредени, пренсоа српските медиуми.
Од полициската управа во Врање потврдија дека во 9 часот и 30 минути била пријавена сообраќајна незгода, а на местото на настанот била испратена екипа.
„Еден војник загинал на самото место. Вториот војник бил заглавен во водата во состојба на намалена свест и со расекотина на десната потколеница. Третиот војник се пожалил на главоболка и болки во вратот, додека четвртиот бил под стрес“ соопштија од Итната медицинска помош Врање.
Воениот камион се движел од една од базите во Копнената безбедносна зона до Косово и Метохија.
Повредените војници се пренесени во болницата во Врање.
„Сè уште се на опсервација, комплетната дијагноза не е завршена. Засега се укажува дека повредите се полесни“, изјавија од болницата во Врање
Војската на Србија се уште нема соопштение за несреќата.
Патот кон Дреновац е блокиран и не може да се приближи до местото на несреќата.
На делницата од патот преку Пољаница до Врање, претходните години веќе имаше неколку сообраќајни несреќи во кои учествуваа воени возила и автобуси.