594
70-годишен велосипедист загина на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, откако автомобил удрил во него, пренесуваат од МВР.
„На 06.11.2018 година околу 17.40 часот на регионалниот пат Куманово – Свети Николе, патничко возило „Опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од Куманово, удрило во велосипедистот Т.С.(70) од село Стањевци, светиниколско. Т.С. починал на местото на настанот, а смрт била констатирана од лекар од Јавната здравствена установа Свети Николе. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.“