Загина украинскиот министер за внатрешни работи во страшна хеликоптерска несреќа кај Киев

by fokus

Најмалку 16 лица загинаа при уривање на хеликоптер во градот Бровари во киевската област.

– Утрово, на 18 јануари, во Бровари се урна хеликоптер на Државната служба за вонредни состојби.

Како последица на несреќата загина раководството на МВР: министерот, првиот заменик министер и државниот секретар. Се знае дека вкупно загинале 16 лица, меѓу кои и две деца.

Од нив, девет биле во хеликоптерот, информира шефот на Националата полиција на Украина Игор Клименко.

Тој додаде дека 22 повредени се во болница, од кои 10 се деца.

Сите специјализирани единици работат на лице место. Увидот на местото на настанот е во тек.

Поврзани новости