Загина тинејџерка, осумгодишно девојче тешко повредено во сообраќајка кај Арачиново

by Fokus

На патот село Арачиново-село Брњарци вчера околу 16 часот се случила сообраќајна незгода, во која 20- годишен Е.Х од село Арачиново, управувајќи патничко моторно возило „БМВ“, удрил во бетонска ограда покрај патот, информираа од МВР.

Според информации од полицијата, во 16.50 часот во населбата Ченто, во амбулантата „Пеницилин“, била донесена почината 16-годишна девојка од Скопје, сопатничка во возилото, а во незгодата со повреди се здобило и осумгодишно девојче, кое било пренесено во Градстка општа болница „Наум Охридски“ и по укажана лекарска помош е пуштена на домашно лекување.

На Е.Х. му е укажана лекарска помош во „8-ми Септември“.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е предадено на обдукција.

Поврзани новости