958
Смејн скијал на планината Хакуба Норикура во Јапонија. Скијал со тројца пријатели кога оддеднаш почнала лавина која ги затрупата. Тој и уште еден од пријателите загинале, двајца други се спасиле.
„Тоа беше кошмар. Адам, Кајл и уште еден скијач се обидоа да избегаат. Адам 25 минути помина закопан на длобочина од еден и пол метри. Чудно е дека успеа да преживее. Кајл за жал не преживеа, лавината го отфрлила 50 метри во воздух, па го затрупала. Во близина беа доктори кои дојдоа да ни помогнат, но за жал немаше спас. Адам и јас ова ќе го паметиме до крајот на животот. Не знам како ќе живееме со тие слики во главата“, изјави Грант Гундерсон, фотографот кој ги снимал авантурите на Смејн.