478
Педесет и шестгодишен работник денеска попладне паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место.
– Во 16:06 часот пријавено е дека на булевар „АСНОМ“ В. П. (1963) од Скопје, вработен во фирма, паднал додека изведувал работи на зградата на ФФМ и починал на лице место. Упатени кон местото на настанот полициски службеници како и Државен трудов инспектор, се првичните информации од МВР.