Загина работник од струен удар во Куманово

by fokus

Работник во фабрика во Куманово вчера починал од струен удар.

-На 08.09.2023 околу 16.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека во фабрика во Куманово со повреди од струен удар се здобил Д.Г.(44) од Куманово. Тој бил пренесен во Општата болница Куманово, каде лекар констатирал смрт.

Увид на местото на настанот вршат Јавен обвинител, вешто лице и екипа од СВР Куманово. По насока на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството, соопшти МВР.

Поврзани новости