378
Еден работник починал откако бил прегазен од негов колега со работна машина „Бобкет“ на станбено-деловен објект во изградба на улицата „Васко Карангелески“ во Битола.
Шеесет и тригодишниот Ј.Е. заедно со 56-годишниот работник Т.М. биле удрени во моментот кога 47-годишниот возач на машината извршувајќи насипување на стопи, се враќал назад.
Починатиот бил изваден од под машината и со возило на Итната медицинска помош е префрлен во Ургентниот центар при Клиничкиот центар во Битола каде е констатирана смрт.