415
38-годишен прилепчанец загина на автопатот Битола-Прилеп откако возилото „Опел вектра“ со кое управувал излетало од коловозот и се превртело на покривот.
Несреќата се случила вчера околу 15.50 часот. Според полицијата возачот З.Р. починал на лице место. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Прилеп.