Загина прилепчанец при палење стрниште

by Фокус

Во несреќен случај, од пожар загина 63-годишен прилепчанец кој палел стрниште на својата нива. При палењето на стрништето прилепчанецот бил зафатен од пожарот и починал на местото на несреќата. Итната помош само констатирала смрт и поради несреќата нема да се изврши обдукција зашто нема траги на насилство.

-Прилепчанецот запалил стрниште на својата нива во месноста викана Поводенци кај Прилеп. Пожарот излегол од контрола, ги зафатил и другите ниви, но го опфатил и 63-годишниот прилепчанец со иницијали С.Д. Прилепчанецот загинал на местото на несреќата. Екипата на итната помош само констатирала смрт – велат од обвинителството.

Според командирот на прилепската противпожарна единица Кристијан Момироски, екипите на единицата за брзо време го изгаснале пожарот, но доцна било за 63-годишниот прилепчанец.

Поврзани новости