247
Пожарникарите од Ранковце пронашле настрадано лице при гаснењето на пожар на отворено при интервенција синоќа во атарот на с. Псача, соопшти регионалниот ЦУК Куманово. Опожарена била сува трева со површина од околу 0,4 хектари.
Настраданото повозрасно лице го загубило животот најверојатно заради гушење од чад.
На местото на настанот увид вршеле екипата на СВР и медицинската екипа.
Во последното деноноќие активни пожари се над с. Лешница (Општина Желино), пожарот на панината Жеден и шумски пожар во атарот на с. Јамиште (Општина Пробиштип).