173
На 29.06.2024 во 12.10 часот во Полициско одделение Ростуше било пријавено дека во с.Тресонче на место викано „Тресонечки водопади“ С.П. (69) од Скопје со група планинари, движејќи се по шумска необележана патека, кон пештера „Алилица“, паднал во провалија и се добил со повреди на главата.
Полициски службеници од Одделот за воздухопловни единици во содејство со САЕ Тигар го извлекле С.П. од провалијата и со хеликоптер на МВР го пренеле до ГОБ „8 Септември “ во Скопје, каде од страна на доктор била констатирана смрт.