794
Пешак загина синоќа во сообраќајна незгода на регионалниот пат Струга – Дебар, кај струшкото село Велешта.
„Незгодата се случила околу 19 часот кога патнички моторно возило „Фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки управувано од Б.Н.(36) од селото Велешта, удрил во пешакот Т.К.(49) од село Подгорци. На пат кон Општата болница во Струга лицето им подлегнало на повредите“, соопштија од СВР Охрид.