199
Денеска во 18.35 часот, во СВР Охрид пријавено е дека медицинска екипа со возило на Итната медицинска помош, од охридското село Долно Лакочереј транспортира лице кое, и покрај обидите за реанимација, не давало знаци на живот.
Од преземените мерки констатирано е дека се работи за Н.С.(35) од истото село, кое, според членови на неговото семејство, се здобило со повреди при пад во семејниот дом.