Попладнево се случи тешка сообраќајна несреќа во тунелот кај Катланово во која загина мотоциклист кој управувал со мотоцикл со унгарски таблички, информираа од МВР за „Фокус“.
Сопатникот на мотоциклот е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.
-Во 16.55ч пријавено е дека во тунелот кај Катланово во правец од Велес кон Скопје, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале товарно моторно возило и мотоцикл со унгарски таблички. Едно лице, кое се превезувало на мотоциклот починало, а другото, исто така се превезувало на мотоциклот, е пренесено во Ургентен центар Скопје, велат првичните информации од МВР.
Автопатот Велес -Скопје (кај тунелот) е целосно затворен за сообраќај , а сообраќајот од клучка Велес кон Св.Николе се пренасочува кон автопатот Штип-Скопје.
К.С.Б.