437
МВР информира дека вчера во 18.15 часот во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Радовиш – село Ораовица, Радовишко, на место викано „Рудина“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од Г.В.(30) и мотоцикл „хонда“ без регистарски ознаки, управуван од С.Т.(28), двајцата од село Ораовица.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починал мотоциклистот, а смрт констатирал лекар од Здравствен дом Радовиш.
Увид извршиле Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и екипа од Полициска станица Радовиш.