Загина маж во сообраќајка кај Кочани

by fokus

Едно лице загина, а две се повредени откако возило „сузуки“ во кое се превезувале излетало од патот Лески – Зрновци, кај Кочани, соопшти МВР.

-На 16.08.2024 околу 17.20 часот во Полициската станица Кочани било пријавено дека на регионалниот пат с.Лески – с.Зрновци, Кочанско, патничко возило „сузуки“ со винички регистарски ознаки, управувано од Р.С.(62) од с.Виничка Кршла, општина Виница, излетало од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.А.(55) од с.Виничка Кршла, кој бил пренесен во Клиничка болница Штип, каде што подоцна починал.
Додека, со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник М.С.(60) од с.Виничка Кршла, констатирани во болницата во Кочани, наведуваат од МВР.

Поврзани новости