124
На излез од населбата 11 Октомври кај надвозник загинал маж на возраст околу педесет години откако во него удри возот кој се сообраќал на релација Скопје – Битола, информира државната МИА.
Лицето веднаш починало на самото место на несреќата.
Смртта била констатирана од лекар од Итната медицинска помош во Скопје, а на терен полицијата ги истражувала причините за како дошло до оваа трагедија.