Загина маж од Свети Николе, колега го прегазил со виљушкар

by fokus

Во несреќа, при работни активности, загина 58-годишен маж од Свети Николе, кога негов колега го прегазил со виљушкар.

-На 29.08.2020 во 09,00 часот било пријавено дека во с.Ерџелија-штипско, во хангар од работна машина-виљушкар управувана од С.А.(54) бил прегазен М.Г.(58) од Свети Николе, кој на пат за Медицинскиот центар Штип починал. Извршен бил увид на местото на настанот од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Свети Николе. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција, информираат од МВР.

Поврзани новости