На 09.03.2025 околу 17.25 часот во Полициската станица Ресен било пријавено дека на магистралниот пат Битола – Ресен, кај место викано „Голема кривина Макази“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко воизило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Г.А.(47) од Ресен, патничко возило „пежо 2008“ со битолски регистарски ознаки, управувано од М.К.(51) од Битола и патничко возило „бмв“ со ресенски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(47) од с.Асамати, ресенско.
Од здобиените повреди, на местото на несреќата починал возачот Г.А., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Со телесни повреди се здобиле возачот Д.А. и неговата сопатничка Ш.А.(47) од с.Асамати, ресенско, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Ресен и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено за обдукција.