3
Полициската инспекторка В.А.(46) загина денеска околу пладне во Крушевац при пад од зградата во која живее.
Според информациите во српските медиуми, жената паднала додека ги бришела прозорците од станот во зградата.
Се работи за мајка на три деца која работела во општината Крушевац, како сообраќаен инспектор.
Таа била член на Совет за безбедност во сообраќајот, а нејзина голема љубов било планинарењето кое го практикувала со години.
Полицијата врши увид на местото на настанот и ги испитува сите околности.