Загина градежен работник

by Fokus

Градежен работник починал вчера во Ургентниот центар во Скопје откако претходно паднал од скеле при изведување на градежни работи на куќа, информираа од МВР.

Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 13.45 часот, а 59-годишниот Н.И. од скопско Кондово по падот веднаш бил пренесен во Ургентниот центар каде подоцна им подлегнал на повредите.

Поврзани новости