ДОМ соопшти дека 20 декември во сообраќајна несреќа животот го загуби Марија Михајловска, на возраст од 28 години, нивна функционерка, членка на ДОМ од 2008 година.
-Во моментот кога згасна нејзиниот млад живот таа беше претседавач на Претседателството на МОДОМ, чиј член беше од 2014 година, и одговорна за меѓународната соработка на МОДОМ. Таа беше и претседател на комисијата за антидискриминација и родова еднаквост на МОДОМ. Во ДОМ таа беше и член на правната комисија на партијата. Вработена беше во Агенцијата за млади и спорт, како контакт лице за комуникација со граѓани со некаков вид и степен на попреченост или, како што таа сметаше, за лица со посебни потреби, и беше горда на тоа, велат од ДОМ.
Комеморативната седница ќе се одржи во сабота, 24 декември, во 11 часот во салата на Стопанска Комора на Македонија, спроти седиштето на ДОМ.