44
МВР информира дека вчера во 14:45 часот во СВР Велес од Итна медицинска помош Велес било пријавено дека во нива во атар на село Сујаклари, Велешко, констатирале смрт кај А.К.(73), жител на селото.
Според пријавеното, во нивата имало превртен трактор, а телото на А.К. било под него.
Увид извршила екипа од СВР Велес, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.