60-годишен маж загина на работно место на објект во Кавадарци, откако паднал од скеле, дознава Фокус. Станува збор за човек со иницијали Д.С. кој бил вработен во градежната фирма која работела на изградба на приватен објект. Врз неговото тело ќе биде извршена обдукција.
Од јавното обвинителство информираа дека извршиле увид на градилиштето и дека ќе се проверува дали биле испочитувани законските прописи за безбедност на работа.
„Со цел утврдување на причините за смртта, дежурниот јавен обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатиот. Исто така, издадени се усни наредби за обезбедување на целокупната документација која се однесува на почитувањето на законските одредби за безбедност и здравје при работа. Основното јавно обвинителство Кавадарци продолжува да презема дејствија за расчистување на настанот“, соопштија од таму.