Загина 48-годишен тракторист во судар на патот Струга-Дебар

by fokus

48-годишен стружанец од селото Велешта го загуби својот живот во сообраќајна несреча на регионалниот пат Струга-Дебар, која се случила вчера во 18.55 часот. Според полицијата во сударот учествувале „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управувано од 56-годишниот Н.Ќ. од с.Г.Лакочереј, охридско, и трактор без регистарски ознаки, управуван од 48-годишниот М.Ф. од с.Велешта, струшко.

„Во незгодата М.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга, а потоа во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал. Н.Ќ. се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струга за укажување на лекарска помош. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Струга“, соопштија од МВР.

Поврзани новости