Загина 25-годишен Македонец во Србија: Се враќале по заборавен телефон во кафеана во Врање

by fokus

Во сообраќајната несреќа која вчера се случи во близина на Врање, животот го загуби 25-годишен македонски државјанин, пренесуваат српските медиуми.

Според досегашните информации, момчето и неговите пријатели биле во кафеана во Врање и си тргнале кон Македонија. Но, набрзо им текнало дека заборавиле мобилен телефон во кафеаната, по што решиле да се вратат назад кон Врање.

Тогаш со автомобилот удриле во насип покрај патот, при што 25-годишното момче загинало, а останатите патници се повредени.

Поврзани новости