170
Момче (24) од селото Чарлија (Могила) загина попладнево по тешка сообраќајна несреќа на излезот од Битола.
Информациите се дека се судриле комбе кое превезувало вработени во фирмата „Кромберг и Шуберт“ со автомобил кој изгубил контрола.
Во Клиничката болница во Битола најголемиот дел од повредените биле пренесени со полициски возила и возила што биле на местото на несреќата.
Возачот на патничкото возило починал веднаш по судирот.