Во тешка сообраќајна несреќа што утринава се случи на патот Прилеп – Ресен, кај местото викано Кукуречанска раскрсница, во близина на Битола загина 24-годишник, информираа од битолското Обвинителство.
Според првичните наоди, до несреќата дошло при директен судир на автомобилот „опел корса“ управуван од 24-годишникот, и товарно возило со штипска регистрација.
При судирот, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено, соопштија од МВР.
„Денеска (24.07.2023) во 05.08 часот во СВР Битола било пријавено дека се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно моторно возило ‘сканиа’ со прилколка со штипски регистарски ознаки, управувано од Б.М. (44) и патничко моторно возило ‘опел корса’ со битолски регистарски ознаки. Во несреќата, патничкото возило се запалило, а телото на возачот било опожарено“ – информираат од МВР.
Телото на починатото момче, по наредба на Обвинителството, е дадено на обдукција.