Загина 22-годишник од кичевско Туин, со „пасатот“ излетал од патот

by Fokus

МВР информира дека рано утринава во 01.50 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Кичево – Гостивар, патничко возило „фолксваген пасат“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.А.(22) од с. Туин, Кичевско, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, по што бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што подоцна починал.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кичево.

 

Поврзани новости