Во улична физичка пресметка што се случи вчеравечер во Скопје, младо момче го загуби животот. Деветнаесетгодишниот Леард А. настрада, откако со остар предмет, за кој се верува дека е нож, беше прободен директно во срцето.
Во Градската општа болница, на раце го донел друго лице, кое исто така имал повреди по телото. За жал, младиот скопјанец набрзо им подлегнал на повредите.
Несреќата се случила вчеравечер, околу 20: 30 на Бит Пазар, во близина на ресторанот „Бизнис“ во скопски Чаир по тепачка меѓу две групи на млади Албанци, од кои едниот бил вооружен со нож. На тепачката и’ претходела вербална расправија.
Леард, во болницата на раце го донел неговиот другар кој исто така имал повреди од остар предмет. Докторите се обиделе да го реанимираат, но момчето веќе било починато.
Полицијата работи на целосно расветлување на случајот и најави за утре повеќе детали.