276
Осумнаесетгодишно момче од тетовско Синичане загина во сообраќајна несреќа, што се случи синоќа на регионалниот пат Пирок-Тетово, во Долно Палчиште.
Според информациите од СВР Тетово, несреќата се случила синоќа околу 21:30 часот, кога М.З. со автомобил „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, излетал од патот и удрил во столб.
Во несреќата, М.З се здобил со тешки телесни повреди од кои починал на самото место, а сопатникот А.З.(23) од истото село се здобил со телесни повреди, констатирани во тетовската Клиничка болница, каде бил пренесен за укажување на лекарска помош.
Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово извршиле комплетен увид, а по наредба на јавниот обвинител на телото на починатиот ќе се врши обдукција.