Загина 17-годишник во сообраќајка во Струмица

by Fokus

Загина 17-годишно момче во сообраќајна несреќа што се случила синоќа во Струмица, меѓу мотоцикл „јамаха“ и патничко возило марка „бмв“.

– Синоќа во 23:50 часот во СВР Струмица било пријавено дека на булевар „Гоце Делчев“ во Струмица се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл „јамаха“ со струмички регистарски ознаки, управуван од 17 годишник од село Градашорци, Струмичко и патничко возило „бмв“ со бугарски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.Д.(25) од село Босилово, Струмичко – информираат од СВР Струмица.

Од здобиените повреди, како што е наведено во соопштението, на местото на несреќата починал 17- годишен сопатник на мотоциклот, а лекар од Итна медицинска помош Струмица констатирал смрт. Со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и полициска екипа.

 

Поврзани новости