528
Според мерењето на Министерството за животна средина и просторно планирање, 60 отсто од загадувањето на воздухот во Тетово било резултат на работењето на комбинатот „Југохром“ чие производство е запрено во ноември 2016 година поради недостиг на соодветна филтер-станица.
Во 2015 година, просечната среднодневна концентрација на ПМ10 честичките во Тетово била 298 микрограми на еден кубен метар. Забележителен е пад од повеќе од 60 отсто на концентрацијата на овие канцерогени честички во 2017 година кога комбинатот воопшто не работеше.