325
Воздухот во Тетово, Битола, Скопје, Кичево и Кочани утрово е повторно загаден, покажуваат мерните станици.
Мерните станици во Тетово регистрираа концентрација на ПМ10 честичките од 345 микрограми на метар кубен, во Битола 270, во Кичево 163, а во Скопје на мерната станица во Центар се измерени 283 микрограми на метар кубен. Во Лисиче се измерени 232 микрограми на метар кубен, Гази Баба 211, Ректорат 171 и Миладиновци 89 микрограми.