Загаденоста на воздухот остана висока и во новата 2018 година

by Фокус

Многу високи концентрации на ПМ 10 честичките и вечерва се регистрирани на сите мерни места во Скопје, кај наплатната рампа Петровец, како и во Куманово, Тетово, Кавадарци, Кочани, Кичево.

Поточно, кај Миладиновци денеска на пладне измерени се 253 микрограми ПМ 10 честички на кубен метар, кај ректоратот 177, во Гази Баба 175, во Кичево 173, во Тетово 153 итн.

Инаку, загаденоста беше висока и на новогодишната ноќ, при што најлоша беше состојбата во Лисиче, каде во 2 часот по полноќ беа измерени 548 микрограми на метар кубен.

Поврзани новости