Мерните станици ширум земјата покажуваат дека воздухот пак е загаден, а моментално најзагадено е кај Ректоратот при УКИМ во Скопје се измерени рекордни 558 µg/m3.
Во Струмица ноќва се измерени 420 µg/m3, во Кичево 362 µg/m3, а загаедени се и Гостивар Центар и Карпош.
На интернет страницата Ер вижуал (www.airvisual.com) на која има ранг листа на најзагадни градови во светот, Скопје е на десетто место. Синоќа во скопската општина Гази Баба беа измерени рекордни 948 микрорграми ПМ честички на метар кубен.
Од Министерството за животна средина и просторно планирање соопштија дека податоците за квалитетот на воздухот во Гази Баба од 22 часот вчера до 14 часот денеска се невалидни и дека тие не се одраз на извршени мерења на инструментот за мерење суспендирани честички со големина до 10 микрометри од Автоматската мониторинг станица за квалитет на амбиентен воздух во општината, туку се одраз на соодветен код од инструментот кога тој има дефект.